Дома Фудбал Италија Анчелоти го одбил Интер пред да потпише за Реал

Анчелоти го одбил Интер пред да потпише за Реал

Карло Анчелоти пред неколку дена седна на клупата на Реал Мадрид, но имал понуда и од друг европски гигант.

„АС“ открива дека Анчелоти добил понуда од Интер, но ја одбил поради своето минато во Милан.

Интер беше во потрага по тренер после заминувањето на Антонио Конте, а прва желба на „нероаѕурите“ бил Карло Анчелоти.

„Тоа што сум денес му го должам на Милан, не можам да ги предадам“, бил одговорот на Анчелоти.

Анчелоти како играч и тренер помина 13 години во Милан каде освои 15 трофеи.

Во меѓувреме Интер за нов кормилар го назначи Симоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…