Капитенот на Пари Сент Жермен, Тиаго Силва може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент.
Договорот на 35-годишниот Бразилец истекува ова лето, а неговиот агент потврди дека нема преговори за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот се поврзуваше со враќање во Милан, но сега за неговиот потпис се вклучи и Евертон. Карло Анчелоти одично го познава дефанзивецот и сака да го донесе во својот тим.
„Карамелите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да ги задоволат финансиските барања на Бразилецот.