Дома Фудбал Англија Анчелоти го напушта Реал, може да се врати во Премиер лигата

Анчелоти го напушта Реал, може да се врати во Премиер лигата

Се поизвесно е дека Карло Анчелоти на крајот на сезоната ќе го напуши Реал Мадрид, независно од тоа како ќе ја заврши сезоната.

Анчелоти се уште е во игра за два трофеи во Купот и ЛШ, но претседателот Перез сака но тренер за да започне нов проект.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Анчелоти силно се поврзува со селекторското место на Бразил, но медиумите на Островот тврдат дека може да се врати во Премиер лигата.

Имено, силен интерес за Италијанецот покажуваат Тотенхем и Челзи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Анчелоти со успех го водеше Челзи од 2009 до 2011 година, па „сините“ сакаат да го вратат и му дадат да го води новиот проект.

Анчелоти никогаш не криел дека сака да живее во Лондон, а тоа може да биде пресудно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…