Дома Фудбал Италија Анчелоти го напушта Наполи на крајот на сезоната

Анчелоти го напушта Наполи на крајот на сезоната

Италијанските медиуми твдат дека Карло Анчелоти е разочаран во Наполи и може да го напушти клубот по завршување на сезоната.

Причината за намерата на Анчелоти за заминување се послабите резултати од очекуваното и недоволниот развој на тимот.

Искусниот стратег смета дека Наполи треба да се бори рамноправно со Јувентус и Интер за титулата во Серија А, но и оваа сезона Скудетото почнуав да се оддалечува уште во раната фаза од шампионатот.

Наводно Анчелоти смета дека вложувањата во тимот и очекувањата од него се несразмерни, па сериозно размислува да го напушти клубот, бидејќи сака да се бори за титули.

Наполи веќе има минус 6 бода од лидерот Интер, а проблем плус дојде и неубедливата партија против Генк во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул заинтересиран за голманот на Хал Сити, Тзолакис

Ливерпул се интересира за голманот на Хал Сити, Константинос Тзолакис, кој би можел да чин…