Дома Фудбал Анчелоти ги насмеа новинарите на првата прес-конференција: Изгледа во Реал се менуваат само тренерите 🎥

Анчелоти ги насмеа новинарите на првата прес-конференција: Изгледа во Реал се менуваат само тренерите 🎥

Карло Анчелоти вчера потпиша договор со Реал Мадрид и ја одржа првата прес-конференција како повратник во клубот.

Во неговото прво обраќање Анчелоти беше прилично расположен и максимално професионален кон новинарите кои му поставуваа прашања. Анчелоти даде искрени одговори на тоа кои играчи можат да добијат шанса кај него, но не пропушти шанса и да се пошегува со еден новинар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Еду Агире од телевизијата „Ел Чирингуито“ на пресот на Анчелоти се вклучи во живо, по што следуваше интересен заклучок на Дон Карло.

„Во овие пет години туку ништо не се променило. Повторно истите лица, истите новинари, во Реал Мадрид изгледа се менуваат само тренерите“, па продолжи да го одолговлекува прашањето на Агире.

„Каде си? Дали си во својот автомобил? Навистина професионално“, се пошегува Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона, Арсенал и Наполи во трка за бразилското “чудо од дете”

Летниот трансфер период во Европа што го оставивме зад нас беше доста интересен, и на тран…