Дома Фудбал Италија Анчелоти во одбрана на Елмас: Не заборавајте дека тој е едно младо момче

Анчелоти во одбрана на Елмас: Не заборавајте дека тој е едно младо момче

Вчера Наполи резмизираше со СПАЛ во рамките од Серија (1:1).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На овој натпревар на теренот од првата минута се најде македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Елмас доби слаба оценка, но Анчелоти му даде друга улога на средината од теренот. Имено, тој играше на десната страна во средина каде што во Наполи вообичаено игра Хозе Каљехон.

Италијанските медиуми доделија слаба оценка за настапот на Елмас, но и го искритикуваа Анчелоти затоа што експериментот не му беше успешен.

Анчелоти после натпреварот застана во одбрана на Елмас.

„Можеби Елмас можеше да направи повеќе во првото полувреме. Сепак, не заборавајте дека тој е само младо момче и мора сите да му дадеме поддршка и да му помогнеме да ја пронајде позицијата на која ќе биде најдобар“.

„Тој играше десно на средината како и Фабијан Руиз во последните 30 минути и не беше во „аут“. На десната страна тој добро си ги извршуваше дефанзивните задачи“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…