Антонио Конте и понатаму е без ангажман, но далеку од тоа дека нема понуди.
Стратегот кој го напушти Челзи на крајот на минатата сезона сега е во потрага по нова работа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Конте имал неколку добри понуди, а една од нив пристигнала од Аргентина, од страна на Бока Јуниорс.
Гиљермо Бариос Скелото замина од Бока, а медиумите во оваа земја се убедени дека Николас Бурдисо ќе биде негов наследник.
Сепак, тој бил резервна опција.
Карлос Тевез бил еден од посредниците во обидот на Бока да го доведе Конте на кормилот, сепак и Аргентинецот не успеал да помогне да го убедат Италијанецот да седне на клупата на аргентинскито гигант.
После денешниот отказ и Конте е еден од кандидатите кои се споменуваат како негов потенцијален наследник.