Фудбалерот на Барселона Ансу Фати се поврзуваше со заминување од Каталонија, а како една од опциите се споменуваше тимот на ПСЖ. Сепак тој истакна дека негова желба е цела кариера да ја помине во Барселона.




Очекувањата се Фати во иднина да биде еден од столбовите во играта на Барселона, меѓутоа повредите во последниот период се причина што не може да врзе повеќе натпревари во континуитет.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Новинарите го запршаа Фати за интересот од страна на ПСЖ.




„ПСЖ сака да ме доведе? Не знам ништо за тоа, тоа се работи кои ги следат моите родители и агнетот. Јас од почетокот им кажав дека мојата желба е да останам во Барселона и сакам тука да ја поминам целата кариера“, изјави Фати.




19-годишниот Фати има договор со Барселона до 2027 година.