Дома Фудбал Анри откри кој играч го смета за најпотценет во светот

Анри откри кој играч го смета за најпотценет во светот

Легендарниот француски напаѓач Тиери Анри смета дека неговиот сонародник Антоан Гризман во моментов е најпотценетиот фудбалер во светот.

Французинот моментално е селектор на У-21 репрезентацијата на Франција, па по тој повод даде интервју за Le Parisien во кое се осврна на А репрезентацијата. Тој посебно реши да го истакне квалитетот на напаѓачот на Атлетико Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Не смееме да го заборавиме Гризман, играч кој со секој натпревар не потсетува дека напорната работа е исто толку важна како и талентот. Гризман е убедливо најпотценетиот играч што постои“, тврди Анри и додаде:

„Секогаш зборуваме за Килијан, но Гризман… Погледнете ги асистенциите и головите. Кажете ми еден играч во историјата кој можел да игра на сите четири офанзивни позиции како него? Нема многу… А Гризу е еден од нив.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ и Челзи го играат финалето во САД, но во Париз подготвени да реагираат ќе бидат 11.500 полицајци

Француската новинска агенција AFP информира дека главниот град на Франција, Париз, активно…