Дома Фудбал Англија Анри: Евертон веќе го има новиот Лукаку и бадијала се жали…

Анри: Евертон веќе го има новиот Лукаку и бадијала се жали…

Евертон доста послаб влезе во новата сезона, со оглед на тоа дека клубот по неколку години го напушти Ромелу Лукаку кој премина во редовите на Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Белгиецот во последните неколку сезони беше убедливо најдобар играч на клубот од „Гудисон Парк“, но сфати дека сака нов предизвик, па кариерата ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Евертон успеа да го врати Вејн Руни, го донесе и напаѓачот на Малага, Сандро Рамирез, но јасно е дека Лукаку им недостига многу во новата сезона.

Меѓутоа, легендарниот француски напаѓач, Тиери Анри истакна дека во Евертон не се чувстува толку заминувањето на Лукаку. Некогашниот напаѓач на Арсенал за „The Sun“ истакна дека верува дека Евертон веќе сега има идеална замена за Белгиецот, и дека тоа е Сандро Рамирез.

„Заработија 75 милиони фунти од продажбата на Лукаку, но јасно е дека таквите играчи не е лесно да се заменат без оглед на тоа колку пари имате. Луѓето зборуваат дека тие не донесоа замена за Лукаку, но донесоа. Го купија Сандро од Малага кој беше фантастичен изминатата сезона и тој може да биде новиот Лукаку за Евертон. Го имаат и Руни и Сигурдсон, а велат дека немаат замена“, истакна Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната најголемата желба на Мурињо

Една од најголемите желби на Жозе Мурињо по враќањето во Реал Мадрид е ангажманот на Душан…