Дома Македонски спорт Мак ракомет Андон Бошковски го наследува Кастратовиќ во Тинекс Пролет

Андон Бошковски го наследува Кастратовиќ во Тинекс Пролет

Поранешниот стратег на Вардар и на Еурофарм Работник, Андон Бошковски, е изборот на управата на Тинекс Пролет за шеф на стручниот штаб за наредната натпреварувачка сезона.

Постигнат е целосен договор за двогодишна соработка со овој ракометен стручњак, кој ќе го предводи тимот во европската авантура, но истовреме и ќе се обиде да ги повтори резултатите од минатата сезона, што Тинекс Пролет ја заврши на извонредната трета позиција на македонската ракометна сцена.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бошковски минатата сезона ја почна како предводник на проектот Голден Арт КЛ7, клуб со кој бележеше добри резултати и овозможи развој на младите ракометари на оваа екипа. На почетокот од годинава тој си замина од скопскиот суперлигаш, нешто подоцна го прифати предизвикот во Радовиш и со серија извонредни резултати му овозможи на овој клуб да опстане во елитното друштво.

Андон Бошковски во кариерата пред овие два клуба ги има водено и Струга, Еурофарм Работник, Работнички, Вардар и Младост Богданци, тој беше помошен тренер во Металург и во македонската ракометна репрезентација, додека од меѓународните предизвици во тренерската кариера беше селектор на Грузија, а извесно време мина и во романскиот клуб ХЦМ Роман.

Фото: РК Пролет

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Еурофарм Пелистер

За саботното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер пуштени се во продажба билетите. Мечот …