Дома Трансфер зона Андерлехт има нов талент кој ќе биде ѕвезда на преодниот рок

Андерлехт има нов талент кој ќе биде ѕвезда на преодниот рок

Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга е новата белгиска ѕвезда која го привлече вниманието на европските гиганти.

21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Оваа сезона настапи на 16 меча за Андерлехт на кои постигна 2 гола и запиша 1 асистенција, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.

За него интерес покажуваат Милан, Манчестер Сити, Арсенал, Лајпциг, Севиља и Баерн Минхен, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Андерлехт нема лесно да се откаже од Локонга и за неговата слобода бара 30 милиони евра, што ќе биде најскап излезен трансфер во белгиското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…