Дома Фудбал Англија Англија стравува: Хендерсон и Мегваер можат да го пропуштат цело ЕП

Англија стравува: Хендерсон и Мегваер можат да го пропуштат цело ЕП

Откако вчера од тимот на Англија официјално отпадна десниот бек Трент Алексадар Арнолд, денес медиумите на Островот се загрижени дека Џордан Хендерсон и Хари Мегваер можат да го пропуштат целото ЕП.

Двајцата се рехабилитираат од повреди, но се уште не се блиску до започнат со целосни тренинзи. Капитенот на Ливерпул долго време на лекува повредата, но според „Сан“ ситуацијата се влоѓила.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Капитенот на Јунајтед пак се лекува од повреда на глуждот, но во моментов може да одработи само лесни тренинзи.

Селекторот Герет Саутгејт призна дека ако требало да избира состав од 23 фудбалери, двајцата немало да бидат повикани за ЕП.

Мегваер и Хендерсон се повикани помеѓу 26-те фудбалери, но медиумите на Островот се песимисти дека ќе можат да одиграат барем еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Ендрик го постигна првиот гол за Лион

Фудбалерите на Лион обезбедија место во осминафиналето на францускиот Куп. На гостувањето …