Италија и Англија утре играат на „Вембли“ во големото финале на Европското првенство.
Во претходниот еден месец можевме да уживаме во фантастични натпревари на Европското првенство, но дојдовме до крајот и остана да се одигра само уште еден натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финалето се игра утре од 21:00 часот на лондонски „Вембли“ кога за титулата ќе се борат Италија и Англија.
Репрезентацијата на Италија денес допатува во Лондон каде што вечерва ќе го одработи последниот тренинг пред утрешното финале.
Во Англија владее навистина голем еуфорија затоа што нацијата верува дека нивните играчи можат до титулата. На друштвените мрежи Англичаните почнаа да пишуваат дека тие ќе бидат победниците кога видоа каде е сместена Италија.
Италијанците ќе бидат сместени во тренинг центарот на Тотенхем, а тоа беше причина за лавина коментари.
Секако, се алудира на тоа дека Тотенхем никогаш не освојува трофеи, па Англичаните веруваат дека тоа проклетство ќе им го пренесе тренинг центарот на „петлите“.