Дома Топ вести Англиски „Мирор“ тврди: Одржан и состанок, позната и сумата на најголемиот трансфер во историјата!?

Англиски „Мирор“ тврди: Одржан и состанок, позната и сумата на најголемиот трансфер во историјата!?

Англиски „Мирор“ тврди дека планот за Нејмар да премине во Реал веќе се спроведува…

Наводно договорот е направен кога Бразилецот преминувал во ПСЖ, јасно е дека не можел директно од Барселона да премине во Реал, па морал да пронајде поинаков пат, за тоа разговарале неговиот татко и Флорентино Перез минатото лето.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Неодамна Перез излезе во јавноста со изјава дека Нејмар во редовите на „кралевите“ полесно ќе стигне до „Златната топка“.

Англиските медиуми откриваат дека неодамна Перез и Нејмар сениор имале нова средба. Реал сака да го доведе Бразилецот веќе ова лето, а на него останува да издејствува заминување од Париз со наводно изговор дека лигата е слаба и дека има поголеми амбиции, но тоа ќе биде навистина тешко.

Многу по реално е тој да замине во летото 2019 година и да направи ситуација во која ПСЖ не би имал избор. Во тој случај се споменува и конкретна сума од 250 милиони евра, што значи дека Нејмар со овој трансфер би поставил нов светски рекорд.

Во Шпанија тврдат дека само прашање на време е кога Нејмар ќе заигра за Реал Мадрид.

miror

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…