Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам
Македонската фудбалска репрезентација денес беше поразена од Холандија со 0:3 и така го завршивме настапот на Европското првенство. Со овој натпревар заврши и договорот на селекторот, Игор Ангеловски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По она што тој денес го кажа на прес-конференција, многу веројатно дека нема да ја води репрезентацијата во иднина.
„Ова е моја последна прес-конференција, сакам да им се заблагодарам на сите, на целиот персонал, фудбалерите и посебно до капитенот за што направија во овие пет ипол години. Благодарност и до сите медиуми за соработката што ја имавме, на крајот сакам да се заблагодарам и на моето семејство. Мојот договор завршува на 31. јули, а ова е моја последна обврска“, изјави Ангеловски по поразот од Холандија.