Eурофарм Пелистер вчера беше поразен и во последниот натпревар против Клоштад (34:27) од групната фаза во Лигата на шампионите која ја завршува со 14 порази
Тренерот на македонскиот шампион, Бранислав Ангеловски по поразот изјави дека е горд на своите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Колштад одигра подобро од она што го гледавме на видео. Не бевме подготвени бидејќи не можевме да сметаме на сите ракометари кои ги имаме. Но, горд сум на моите момци, бидејќи игравме со еден млад тим кој е полн со македонски играчи кои се иднината за нашиот ракомет. Доаѓаме од една мала земја каде ракометот е спорт број еден и се надевам дека секоја наредна година ќе бидеме се подобри.“, изјави Ангеловски.
Пред Еурофарм Пелистер викендов е гостувањето во Кавадарци против Тиквеш, кој сезонава покажува квалитет.