Дома Фудбал Репрезентации Ангеловски повика нови тројца играчи за натпреварот против Ерменија

Ангеловски повика нови тројца играчи за натпреварот против Ерменија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски се соочува со проблеми во играчкиот кадар пред дуелот со Ерменија.

Покрај Пандев, Димитриевски, Адеми и Алиоски, Ангеловски нема да може да смета и на Николов и Спировски поради жолти картони, а веројатно ќе недостасува и Елмас кој се пожалил на болки во бутниот мускул.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа, Ангеловски беше принуден да повика нови играчи пред дуелот со Ерминија. Повик во репрезентацијата добија Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија ЃП и Душко Трајчевски од Докса (Кипар).

Тројцата играчи прво ќе бидат тестирани за Ковид-19 пред да се приклучат на репрезентацијата.

Натпреварот Ерменија – Македонија се игра во среда со почеток во 18.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алегри стави блокада и уништи веќе договорен трансфер на Милан!?

Враќањето на Тијаго Силва во Милан беше завршена работа, но трансферот во последен момент …