Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре го чека нов натпревар во Лигата на шампионите и ќе игра против Динамо Букурешт кој сезоната ја започна со две победи, додека битолскиот состав има два порази.
Пред натпреварот тренерот Ангеловски истакна дека победите на Динамо не се случајни.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не чека важна недела. Повторно играме во Лигата на шампионите и гостуваме кај сериозне противник, клуб кој има буџет од 8-9 милиони евра. Имаат играчи кои играле во Барселона и не е случајност што забележаа две победи во првите натпревари. Одиме со позитивна енергија, ќе дадеме максимум и нема да се штедиме. Динамо напредува секоја година, ги имаат најдобрите романски играч и квалитетни странци“, изјави Ангеловкси.
Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Динамо е закажан за во терминот од 18:45 часот.