По ремито во Бугарија на стартот од Лигата на Нации, Македонија гостува во Гибралтар кај најслабиот противник во групата. Трите бода се императив од овој меч, но за тоа треба да се обработи на терен кај противник кој ќе игра бункер од почетокот до крајот на мечот.
Без потценуваме и сконцентрирано пред голот на противникот
Ремито со Бугарија во Разград е зад нас и веќе тој бод е заборавен. Сега Македонија цели кон три бода на дуелот со Гибралтар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се освен победа, лесна победа без многу трошење на силите ќе биде разочарување. Нема сомнеж дека ова е најследниот меч за Македонија во ова натпреварување, но не смееме да се залажуваме дека ќе биде лесно.
Во Бугарија бевме подобри од противникот, ја диктиравме играта во поголемиот дел од мечот, но немавме премногу среќа во завршницата од нападите, Сега, против дефанзивниот Гибралтар, ќе мора македонските напаѓачи да бидат многу посконцентрирани. Јасно е дека ќе се игра пред голот на Гибралтар и јасно е дека ќе се редат шанси пред противничкиот гол.
Ќе треба концентрација и игра без потценување. Ако се одигра на високо ниво, тогаш Македонија може и до убедлива победа на ова гостување. На двата предходни дуели со оваа селекција славевме со 0:2 и 4:0 и сличен резултат треба да очекуваме и овој пат.
Ќе има ротации во македонскиот состав
Овој вид на селекции за Македонија секогаш претставуваат нагазна мина. Македонија секогаш играла тешко против дефанзивни селекции, иако во изминатите неколку години како да се научивме да играме против такви противници, па секогаш славиме победи.
Освен бункерот кој ги очекува нашите офанзивци, на Гибралтар ќе се соочиме со уште еден проблем – вештачка трева. Македонските фудбалери ќе треба да се навикнат во текот на мечот на овој вид на терен, бидејќи ниту еден од репрезентативците не игра на вештачка трева во својата екипа. Во овој меч Македонија мора да влезе максимално фокусирано и без потценување.
Се очекуваат неколку измени во нашиот состав, за разлика од оние први 11 кои настапија на дуелот со Бугарија пред неколку дена. Постојат ситни повреди кај некои од фудбалерите кои треба да се освежат и чуваат за следните два дуели, особено за следниот меч со Грузија во Скопје. Селекторот Благоја Милевски, сепак нема да калкулира премногу со тимот иако нормално е да се очекуваат ротации.
Гибралтар служи за билдање гол разлика
Во првото коло Гибралтар играше на гости кај Грузија и загуби убедливо со 4:0. Гибралтарците имаа еден шут кон голот на Грузија и тоа надвор од рамките на голот и тоа беше се од нив на тој меч. А тоа што Гибралтар не постигна погодок не е изненадување.
На последните 13 меча, оваа селекција постигна само три гола, а во последните седум дуели имаат само еден постигнат гол. Во истата таа серија од 13 дуели, примија неверојатни 46 голови. Тоа само по себе кажува за каква селекција станува збор.
Во Март се случија двата најдобри резултати на Гибралтар во последно време. Одиграа пријателски со Фарски Острови и Гренада и два пати ремизираа 0:0.
Интересно, но токму Гибралтар беше еден од заслужните за пласманот на Македонија на ЕУРО 2020. Во тогашното издание од Лигата на нации, овој национален тим го приреди најголемото изненадување и дома ја совлада Ерменија со 1:0, што е најголем резултат во нивната историјата.
Гибралтар има само шест победи во своето постоење, а покрај Ерменија, победија против Лихтенштајн со 1:0 и 2:1, Сан Марино со 1:0, Летонија 1:0 и против Малта со 1:0. Нивната цел е дефанзива и помалку примени голови, а таква ќе биде сликата и на овој меч со Македонија.