Дома Трансфер зона Алкантара може да се врати во Барселона

Алкантара може да се врати во Барселона

Постои можност играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара да се врати во Барселона, тврди „Мундо Депортиво“.

Весниот кој е близок до Барселона открива дека извршниот директор на каталонскиот гигант, Хавиер Бордас внимателно ја следи ситуацијата на 29-годишниот фудбалер, кој е дете на Барса но не успеа да се наметне во составот и во 2013 година се пресели во Минхен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Алкантара е шесткратен германски шампион и три пати го има освоено германскиот куп и Суперкупот. Во неговата витрина има и Европски супер куп и Светското клупско првенство.

Неговиот договор со Баерн е до летото 2021 година, но тој е многу важен дел за тимот и Баварците веќе почнаа преговори за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…