Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер стана првиот голман во клупската историја кој постигнал гол на официјален натпревар.
Ливерпул го совлада ВБА со 2:1 благодарение на голот на Алисон во петтата минута од судиското надополнување и ги зачува шансите за пласман во Лигата на шампионите.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Сакав да бидам во шеснаесетникот за да им помогнам на соиграчите и да навлечам на себе барем еден дефанзивец. Никој не ме чуваше и се случи тоа што се случи. Необјасниво е, но мислам дека Бог ја стави својата рака на мојата глава. Се чувствувам благословено“, изјави Алисон.