После долги преговори македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го избра новиот клуб, кариерата ќе ја продолжи во Турција во редовите на Фенербахче.




Алиоски минатото лето се пресели во Саудиска Арабија, но после испаѓањето на неговиот тим во втората лига се активираше клазулата според која како слободен играч може да си замине.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Се поврзуваше со повеќе клубови, а на крајот се одлучи за Фенербахче. Еден од клучните луѓе во неговиот трансфер бил Елиф Елмас кој во минатото го носеше дресот на турскиот гигант.




„Имав и други понуди од Турција и од Европа, но тоа што можам да кажам е дека Елмас ме убеди да дојдам во Фенербахче“, изјавил Алиоски.