Исник Алими, верува дека македонската репрезентација со победа на гостувањето кај Фарски Острови ќе ја почне новата сезона во Лигата на нациите.
Фудбалерот на романскиот Сепси вели дека единствено трите бода се опција во овој меч.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мора да победиме. Знаеме што треба да направиме, ќе биде тешко, нема лесни противници, но ние имаме само една цел, а тоа е победа. Само три бода нè интересираат. Имаме добри играчи кои играат во силни лиги, знаеме да играме фудбал. Најважно е да ја држиме топката, да дадеме гол и да победиме“.
„Вистина е дека не е исто како кога се игра против некое големо име, против нив лесно се мотивираш, ова е поразлично. Фарски Острови се бранат поголем дел од мечот, нема многу простор во последните 30 метри, но ние треба да бидеме брзи и да најдеме простор. Мислам дека што побрзо дадеме гол, ќе биде полесно за нас“, вели Алими