Дома Фудбал Англија Алексис стана убедливо најплатен играч во ПЛ

Алексис стана убедливо најплатен играч во ПЛ

Алексис Санчез вчера конечно стана нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Мурињо успеа да му го земе од раце засилувањето на градскиот ривал, Манчестер Сити, а во тоа му помогнаа, нормално парите.

Јунајтед испрати понуда која неможе да ја одбие Арсенал, но и понуда за Чилеанецот кој од вчера стана најплатен играч во Премиер лигата.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Во трансфер пакетот во спортивен правец на Емирати замина Мхитерјан, а кога се пресмета неговата вредност(околу 35. милиони фунти), како и паричниот надомест за Алексис и неговите застапници, може да се заклучи дека трансферот на Санчез ги чинеше Црвените ѓаволи околу 60 милиони фунти.

Меѓутоа, она што пресуди во реализација на трансферот е сигурно договорот кој Санчез го потпиша со Јунајтед. Тој на Олд Трафорд ќе остане до 2022. година, а ќе заработува неверојатни 500.000 фунти неделно, односно 26 милиони фунти годишно.

Доколку наводите на англиските медиуми за висината на примањата на Алексис се точни, Чилеанецот е убедливо најплатен фудбалер во Премиер Лигата. Втор на листата најплатени фудбалери е неговиот соиграч Пол Погба, кој заработува “само” 290.000 фунти неделно.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингем реагираше нервозно поради замената. Тухел: Морам да го разгледам случајот

АНГЛИСКИОТ селектор Томас Тухел го предупреди Џуд Белингем дека “однесувањето е клуч…