Дома Фудбал Англија Алексис Санчез се огласи за прв пат по неговото останување во Арсенал

Алексис Санчез се огласи за прв пат по неговото останување во Арсенал

Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез не го напушти Арсенал ова лето, иако многумина беа убедени дека ќе ја продолжи својата кариера во Манчестер Сити.

До последниот момент од летниот трансфер период се говореше за тоа дека Санчез сигурно ќе го напушти „Емирати“, и дека има огромна желба да заигра за Сити. Меѓутоа, чилеанскиот фудбалер остана разочаран, откако Арсенал ги одби сите понуди од Манчестер Сити, па и следната сезона ќе ја помине во дресот на „Топчиите“.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Алексис во моментов се наоѓа на репрезентативните обврски, каде што и не му оди баш најдобро, бидејќи Чиле дожиеа тежок пораз од Парагвај (3:0) пред неколку дена. Но, Чилеанецот се најде во центарот на вниманието, бидејќи синоќа по прв пат се огласи на друштвените мрежи по завршувањето на трансфер периодот.

„Светот секогаш потсетува на поразите, но ти треба да ги потсетуваш на незаборавните победи. Победникот е само губитник кој се обидел повеќе пати. Ќе сватиш дека реалноста изгледа како жртввување, но на крајот тоа ќе биде најголемото достигнување во твојот живот“, напиша Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите го налутиле Вучиќ – летале со хрватски авион!

Репрезентативките на Србија го завршија учеството на Европското првенство, а претседателка…