Дома Актуелно Алексис ги шокираше Интер и Јуве кога им кажа колку сака да заработува

Алексис ги шокираше Интер и Јуве кога им кажа колку сака да заработува

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез стигна како големо засилување во Манчестер Јунајтед на почетокот на 2018. година од Арсенал.

Алексис стана најплатениот играч со неделна плата од неверојатни 500.000 фунти, но на крајот се покажа како едно од најголемите промашувања во историјата на англискиот клуб.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Чилеанецот скоро сигурно ќе го напушти Олд Трафорд на крајот од оваа сезона, но Јунајтед има големи проблеми околу продажбата. Дури го нудат и на позајмица со опција тие да плаќаат дел од неговата плата.

Но, примарна цел на Јунајтед е да го продаде Алексис, а за него веќе има неколку заинтересирани клубови. Мдиумите во Италија пренесуваат дека во првиот ред се Интер и Јувентус кои сакаат да го донесат играчот за некоја разумна сума.

Фудбал Италија пренесува дека Алексис веќе одржал состаноци со претставници на Интер и Јувентус, но дека во стартот ги шокирал. Имено, тој не сака да се откаже од неговата плата и бара дури 12 милиони евра по сезона, а тоа тешко дека може да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

„Јас сум во шок!“: Селекторот на Данска изненаден од тоа што го направи Пикси

По ремито 0:0 со Србија, Данците обезбедија пласман во следната фаза од натпреварувањето. …