Тренерот на Јувентус, Макс Алегри сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок.




Јувентус е во потрага по квалитетни засилувања на средниот ред, особено поради фактот што Алегри не е задоволен од играта на Рамзи и Рабио.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Прво име на списокот е Паредес, кој не добива голема минутажа во ПСЖ, па „светците“ се спремни да го продадат во јануари.




Аргентинецот има големо искуство во Серија А и се очекува „бјанконерите“ наскоро да започнат преговори за негов трансфер во Торино.
Самиот фудбалер исто така сака да ја промени средината и е спремен да ја прифати понудата од „старата дама“