Јувентус се пласираше во полуфиналето од Лигата Европа, а пред вчерашниот натпревар против Спортинг судот одлучи да му ги врати назад одземените 15 бодови на Јувенус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По поништувањето на казната Јувентус сега е трет на табелата.
„Убав ден, имавме проблеми, но добро реагиравме и се пласиравме во полуфиналето. Знаевме колку е тешко, си одиме дома со добар резултат, а сега имаме и 15 бода кои ни се вратени во Серија А. Сега ќе размислуваме на Серија А бидејќи загубивме три од последните четири натпревари. Мора да обезбедиме место меѓу четирите најдобри“, изјави Масимилијано Алегри.
Јуве во полуфиналето ќе игра со Севиља.
„Севиља е добар тим, дриблаат, играат добро и имаат освоено многу европски трофеи, сигурно нема да биде лесно“ додаде Алегри.