Дома Фудбал Италија Алегри прави чистка, на крајот од месецот две ѕвезди го напуштаат клубот

Алегри прави чистка, на крајот од месецот две ѕвезди го напуштаат клубот

Минатата сезона беше за заборав, ако сте навивач, играч или имате каква било друга врска со Јувентус.

Секако, најголемата причина за тоа се бројните казни кои ги добија, кои на крајот ги оставија без пласман во Лигата на шампионите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Се уште не се знае каква ќе биде одлуката на УЕФА, но постои голема можност Јувентус да биде исфрлен од европските натпреварувања следната сезона.

Сето тоа донесе голема неизвесност кај играчите на овој тим, кои полека еден по еден си ги бараат документите и си заминуваат од клубот.

Јувентус моментално преговара со левиот бек Алекс Сандро за раскин на договорот и тој ќе го напушти клубот како слободен играч.

Покрај тоа, договорот на Куадрадо истекува на крајот на овој месец, а нема да му биде понудено продолжување.

“Раководството на Јувентус работи на раскинување на соработката со левиот бек Алекс Сандро. Тој ќе го напушти клубот како слободен играч. Договорот на Куадрадо истекува на 30 јуни, а тој исто така ќе го напушти Јувентус како слободен играч”, напишал Романо.

Она што дополнително ги изнервира навивачите на Јувентус е тоа што Масимилијано Алегри остана тренер на овој тим.

Пред неколку дена клубот соопшти дека има доверба во 55-годишниот тренер, а ниту тој немал намера да си замине.

„Имаме долгорочни планови со Алегри. Нашите односи се силни. Јувентус е одличен тим, имаме добри играчи и сите сме цврсто на земја“, изјави неодамна генералниот директор на „бјанконерите“, Маурицио Сканавино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…