Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, Макс Алегри, ќе го обнови договорот со клубот во јуни, пренесуваат италијанските медиуми.
Весникот „Ла Стампа“, кој е во сопственост на фамилијата Ањели, пишува дека новиот договор на стратегот ќе биде до 2020 година.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
На овој начин „бјанконерите” ќе им стават крај на шпекулациите дека Алегри ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, за да застане на чело на Барселона или Арсенал.
Алегри е на пат да го изведе Јуве до историски трет дубл во Италија. Во моментов „бјанконерите“ се лидери во Серија А со 6 поени предност пред Рома и се во финалето во Купот.