Дома Фудбал Италија Алегри потврди: Го одбив Реал Мадрид бидејќи го сакам Јувентус

Алегри потврди: Го одбив Реал Мадрид бидејќи го сакам Јувентус

Старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри денес ја имаше првата пресконференција после неговото враќање во „старата дама“.

Алегри беше на мета на многу европски гиганти, имаше понуда и од Реал Мадрид, но сепак на крајот одлучи да се врати во Јувентус каде претходно освои 5 шампионски титули.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Вистина е дека ја одбив понудата на Реал Мадрид. Сакам да им се заблагодарам за можноста, но јас го сакам Јувентус“, изјави Алегри.

„Имам тим со голем потенцијал, но треба да најдеме баланс. Оваа сезона ќе биде многу неизвесно, има многу силни тимови во лигата. Ние треба да имаме континуитет за да ја освоиме титулата“, додаде Алегри.

Претседарелот на Јувентус, Ањели потврди дека Киелини наскоро ќе потпише нов договор и дека преговорите со Дибала за продолжување на соработката се во тек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…