Старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри денес ја имаше првата пресконференција после неговото враќање во „старата дама“.
Очекувано Алегри зборуваше за односот со Кристиано Роналдо, кој вчера се врати во базата и откри детали од нивниот разговор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Роналдо е одличен фудбалер и паметно момче. Вчера разговарав со него, како и со останатите фудбалери. Му кажав дека ова е важна сезона и дека сум среќен што ќе соработуваме. Тој има поголема одговорност сега, отколку пред три години кога имавме поискусна екипа, сега имаме многу млади играчи. Очекувам многу од него во поглед на одговорноста“, истакна Алегри.
Медиумите шпекулираа дека Алегри сака да се ослободи од Роналдо, но Португалецот сепак ќе остане во Торино.