Дома Фудбал Останато Алегри: Единствената понуда која сум ја одбил беше од Реал Мадрид

Алегри: Единствената понуда која сум ја одбил беше од Реал Мадрид

После цели две години, Масимилијано Алегри се огласи во јавноста.

Алегри и покрај доминацијата со Јувентус во Италија и двете финалиња во Лигата на шампионите беше отпуштен од раководството на „старата дама“ и од тогаш е без клуба.

Во ова интервју Алегри беше запрашан дали во изминатите месеци одбил понуди од големи клубови. Искусниот стратег откри дека одбил само една понуда и тоа онаа за која и се пишуваше од Реал Мадрид пред три години.

„Реал Мадрид ме побара пред три години, но тогаш јас му имав дадено збор на Јувентус дека ќе останам. Тоа е единствената понуда која сум ја одбил“, изајви Алегри.

Низ медиумите името на Алегри констатно се поврзува со големи клубови, но според неговите зборови никој не го контактирал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Родри: „Дебито со нов тим е секогаш посебно, мора да го вратам натпреварувачкиот ритам“

Родри е задоволен од своето деби со новиот тим и истакна дека настапот му бил важен за пов…