Дома Фудбал Италија Алегри еден ден по беснеењето пред камерите: Фудбалот е глупав спорт за интелигентни луѓе

Алегри еден ден по беснеењето пред камерите: Фудбалот е глупав спорт за интелигентни луѓе

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста во оваа земја поради изјавите кои ги давеше во претходните денови.

Алегри после натпреварот против Интер влезе во вербален конфликт со поранешниот играч Адани кој го критикуваше поради испаѓањето од Ајакс во Лигата на шампионите. Во таа ситуација Алегри не му остана должен на Адани.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


https://youtu.be/30y8tfqn2r4

Тренерот на Јувентус еден ден подоцна со мирна глава повторно се обрати на јавноста и порача дека претерал, но и дека Адани навистина го изнервирал со неговите коментари.

„Смирен сум сега, вчера малку претерав. Знаете, секогаш ќе слушнете дека сте грешеле некаде и тоа најмногу го зборуваат оние кои само гледаат. Јас сум човек и сите грешиме, но јас не одам наоколу и не им кажувам на другите како да ја работат нивната работа“.

Ја прифаќам секоја конструктивна критика бидејќи тоа е дел од играта, но откако неколку пати ќе се повторува едно исто тогаш и јас морам да го дадам своето мислење. Морам да ви кажам дека во овие години научив дека фудбалот е глупав спорт за интелигентни луѓе бидејќи наједноставните работи се најтешки да ги направите како што треба“, порача тренерот на „старата дама“.

Алегри и уште еднаш порача дека ќе остане во Јувентус и наредната сезона иако многумина веруваа дека ќе добие отказ после елиминацијата во Лигата на шампионите.

„Веќе ви кажав и ќе ви кажам уште еднаш, останувам во Јувентус. Имам уште една година и ќе разговараме со претседателот откако таа ќе истече“, јасно порача Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …