Вчера Манчестер Сити и Тотенхем одиграа неверојатно четвртфинале кое на крајот заврши со среќен крај за „петлите“. Тотенхем изгуби со 4:3, но поради победата од 0:1 во првиот натпревар и головите на гостински терен, Тотенхем се пласираше во полуфиналето.
Во полуфиналето Тотенхем ќе игра против Ајакс. Овие два клуба ги освоија срцата на неутралните љубители на фудбалот. Ајакс поради фантастичната игра која ја прикажува со голем број млади играчи, а Тотенхем поради фактот што игра со исти играчи и веќе два преодни рока овој тим не купил ниту еден фудбалер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интересно е што во редовите на Тотенхем има четворица фудбалери кои во минатото се развивале и го носеле дресот на Ајакс.
Тоби Алдервилд е еден од оние кои ќе играат против својот поранешен клуб. Освен него тука е и неговиот сонародник и партнер од одбраната Јан Вертонген, Данецот Кристијан Ериксен и колумбискиот играч Дависон Санчез.
Санчез дресот на Тотенхем го облече пред две години кога за сума од 42 милиони фунти пристигна на „Вајт Харт Лејн. Ериксен во таборот на „петлите“ пристигна уште во 2013 година, Вертонген една година претходно, а Алдервилд во 2015.
Откако го елиминираа Манчестер Сити и се изборија за полуфинале против Ајакс Вертонген се огласи преку Твитер.
„Испишуваме историја! Ајакс, твоите момчиња се враќаат дома“, гласи пораката на Алдервилд.
We are making history! @AFCAjax your boys are coming home.
⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀@JanVertonghen @ChrisEriksen8 @daosanchez26 #UCL #COYS pic.twitter.com/YGI9LSghCN— Alderweireld Toby (@AlderweireldTob) April 17, 2019