Дома Трансфер зона Алвеш си заминува, но еве кој пристигнува како негова замена во Јувентус

Алвеш си заминува, но еве кој пристигнува како негова замена во Јувентус

Дани Алвеш би можел да добие раскинување на договорот со Јувентус, а веќе се знае кој пристигнува во Јувентус како негова замена.

Бразилскиот десен бек се поврзуа со Манчестер Сити и би требало да игра под водство на поранешниот тренер Пеп Гвардиола следната сезона, а „Gazzeta dello Sport“ објави дека Јуве поранешниот играч на Барселона ќе го пушти без надомест.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Алвеш за Сити би требало да потпише договор на две години и наместо сегашните 3,5 да заработува по пет милиони евра за сезона, но претходно би можел Јуве да го казни, бидејќи изјави дека Диабала треба да си оди во друг клуб за на крајот на го искористи својот потенцијал.

Ќе си замине најверојатно и Швајцарецот, Стефан Лихштајнер, па Јуве ќе мора да донесе еден играч на позицијата десен бек. Наводно Италијанецот кој настапува за Јунајтед, Матео Дармиан е главната мета на „Старата дама“.

Покрај тоа, Масимилиано Алегри е фан на својот поранешен играч Матија Де Шиљо и исто така го гледа како замена за Алвеш, а прашањето на оваа ситуација во Торино мора да се реши и веројатно наскоро ќе дознаеме кој ќе игра десно покрај Бонучи и Киелини следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …