Бразилецот Дани Алвеш официјално го потврди својот трансфер во ПСЖ каде според договорот ќе остане две години.
Парижаните успеаа да го донесат во своите редови, иако за него најголем интерес имаше Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити на Алавеш му понуди 130.000 фунти неделни примања, но во ПСЖ тоа ќе изнесува 220.000.
На денешното претставување пред медиумите, Алавеш ја искористи прилика да им се извини на Сити и Гвардиола и потенцираше дека е дојден да биде шампион.
„Она што пресуди е интересниот проект на ПСЖ, и покрај тоа што точно е тоа дека Сити имаше интерес. За таа цел, јас им се извинувам на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола доколку со овој трансфер се чувствуваат изневерени, но јас дојдов да бидам шампион во ПСЖ“, истакна Алвеш.