Реал Мадрид вчера на гости го победи Атлетик Билбао, а единствениот гол на натпреварот го постигна Серхио Рамос.
„Кралевите“ успеаа да ја задржат предноста од четири бода во однос на Барселона и се наоѓаат на чекор од освојување на титулата. Меѓутоа ниту овој натпревар на Реал не помина без критики на сметка на ВАР и судиите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, откако Реал поведе со 1:0 во казнетиот простор на гостите Рамос го фаулираше Раул Гарсија меѓутоа судијата одмавна со рацете. Многумина очекуваа ВАР да реагира, но не се случи тоа.
Поради тоа од таборот на Барселона испратија жестоки критики на таа судиска грешка и порачаа дека ВАР работи само во корист на Реал Марид.
Ситуацијата ја следел и на Твитер се огласи поранешниот играч на Барселона Дани Алвес.
„Еден ден не учеа дека мораме да направиме повеќе за да победиме, тоа на крајот и се случи“, порача искусниот Бразилец со фотографија од ситуацијата со Рамос и Гарсија.
Um dia nos enseñaron que tieniamos que hacer mucho más de lo que hacemos o no nos alcancazara y así fue….. ? ? https://t.co/WVWfwe0eGo
— Daniel Alves (@DaniAlvesD2) July 6, 2020