Шпанските медиуми со голем интерес го следат судењето на најтрофејниот фудбалер на сите времиња, Дани Алвес (40), кој беше обвинет дека силувал девојка во дискотека во Барселона за време на предновогодишна прослава во 2022 година.
Доколку се докаже дека е виновен, Бразилецот може да добие и казна од 12 години затвор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во третиот ден од судењето на ред дојде обвинетиот да ја изнесе својата одбрана. Одговарајќи на прашањата на својот адвокат, Алвес во еден момент емотивно се скрши во судницата и низ солзи тврдеше дека е невин.
Неколку пати повтори дека не инсистирал да оди во тоалет со девојката која ја сретнал таа вечер, додека пак таа како што тврди не оставала впечаток дека не и одговара неговото друштво.
„Прво дојдоа двете девојчиња со кои танџувавме, а потоа им се придружија уште три, лицето кое ме тужи и две другарки. Воопшто не изгледаа дека им е непријатно, напротив, дојдоа и се поздравија. Започна разговор, бевме блиски и разговаравме. Јас сум директна личност, но ги почитувам и другите“, рече тој и рече дека добил впечаток дека девојката знае кој е тој.
„Танцувавме, комунициравме…бевме блиску еден до друг. Девојката почна да игра сè поблиску до мене, триејќи се од мене. Типично танцување во диско, тверкање. Ја спушти раката и почна да ме допира. Таа рече дека сака да одиме во тоалет, не инсистирав јас“, изјави Алвес.
„И кажав дека одам во тоалет и останав таму некое време, мислев дека нема да дојде. Кога ја отворив вратата, налетав веднаш во неа. Таа клекна на колена и почна да ме задоволува, јас соблеков панталоните и седнав на шолјата“, изјавил Алвес демонстрирајќи во судницата како тоа се случувало.
На крајот Алвес уште еднаш тврдел дека не ја присилил на ништо, а после тој настан девојката со другарките си заминала и не ги видел повторно.
„Не ја удрив, ниту ја турнав на подот. Јас не сум насилен човек. Кога се заврши, веќе не ја видов девојката која ме тужи, ги немаше ниту нејзините пријателки. Го напуштивме клубот, испив многу. Мојата сопруга веќе спиеше дома. Ова го кажувам вторпат во животот, првиот и го кажав нејзе, мислејќи дека ќе ми прости. За веста и обвинувањата дознав од медиумите, целиот свет ми се сруши. Бев уништен, сите мои сметки беа блокирани во Бразил, а договорите раскинати веднаш“, раскажал Алвес.