Дома Фудбал Италија Алваро Мората казнет со два натпревари суспензија

Алваро Мората казнет со два натпревари суспензија

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората е казнет со два натпревари суспензија.

Мората по завршувањето на натпреварот помеѓу Беневенто и Јувентус (1:1) во саботата заработи директен црвен картон откако нешто му дофрли на главниот судија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради суспензијата Мората ќе го пропушти гостувањето кај Торино во градското дерби и дуелот со Џенова.

Ова секако е проблем за Пирло и Јувентус, Мората е еден од најдобрите играчи кај „старата дама“ од почетокот на сезоната.

Со оглед на тоа дека се работи за натпревар од Лигата на шампионите Шпанецот ќе може да игра утре против Динамо Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Астрономска сума: Откриена платата на Марк Геи во Сити

Англискиот штопер Марк Геи оваа зима ќе го засили Манчестер Сити, а сега е откриена и него…