Дома Топ вести Аларм во ПСЖ: Веќе имаат повеќе порази отколку во цела 2022 година!

Аларм во ПСЖ: Веќе имаат повеќе порази отколку во цела 2022 година!

Во новата 2023 година помина само месец ипол, но тимот на ПСЖ веќе сруши негативен рекорд.

Вчерашниот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите за ПСЖ беше петти во оваа година. Од 1. Јануари до денес ПСЖ загуби од Ленс, Рен, Монако, Марсеј и сега Баерн.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вкупно одиграа 11 натпревари, пет се порази, а имаат и едно реми. Посебно парижаните може да ги загрижува податокот дека веќе го надминаа бројот на порази од минатата година. Во цела 2022 година ПСЖ изгуби само четирипати, сега во 45 дена веќе имаат пет.

Треба да се додаде дека по Марсеј и Монако ова им беше трет пораз во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Фалангата“ издоминира: Во Копенхаген денеска ечеше македонска песна! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Данска во Копе…