Дома Фудбал Алаба направи споредба помеѓу Реал и Баерн

Алаба направи споредба помеѓу Реал и Баерн

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Давид Алаба даде интервју за германските медиуми и го спореди баварскиот гигант со Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алаба долги години го носеше дресот на Баерн и ова лето како слободен агент се пресели во Реал Мадрид.

„Двете екипи имаат одличен стил на игра и разликите се во детали. Во секој случај, секогаш зависи од тренерот и тоа кој го води тимот. Мојата сегашна екипа е гладна за триумфи и амбициозна, а така беше и во Баерн“.

„Во Мадрид од првиот ден почувствував единствена аура и атмосфера. За минатото на Реал можете да научите додека шетате низ градот. Овој клуб е нешто посебно. Баерн е еден од најголемите клубови на светот, а истото важи и за Реал Мадрид. Меѓутоа, без непочитување кон Баерн, тука во Реал се е барем за нијанса поголемо“, изјави Австриецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија остана без селектор, Куман си замина!

Роналд Куман ја поднесе својата оставка како селектор на холандската репрезентација откако…