Дома Фудбал Италија „Ако Јувентус се потпира на Дибала тогаш нема да освои ништо“

„Ако Јувентус се потпира на Дибала тогаш нема да освои ништо“

dybala

Антонио Касано официјално ја заврши својата кариера пред година ипол и сега голем дел од времето минува како коментатор на италијанските телевизии.

Касано своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во Италија и сигурно дека можеше да оствари подобра кариера ако однесувањето му беше нешто подобро.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега како што споменавме работи како коментатор на италијанските телевизии, а најчесто ги коментира натпреварите од Серија А. Касано вчера зборуваше на Јувентус и тешката победа на „старата дама“ кај Бреша.

Касано искрено изјави дека сега разбира зошто Масимилијано Алегри не го користел толку Паоло Дибала во првиот тим.

„Слушнав дека некои Дибала го нарекуваат феномен или новиот Меси во претходните години. Како што кажав претходно, тој е добар играчи, но ако Јувентус се потпира на него тогаш нема ништо да освои. Тој е добар играч, но не може да се споредува со Меси или некој друг лидер“, изјави Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…