Дома Фудбал Ако ја прифатеше понудата од Барса и тој ќе беше дел, Гризман го прогнозира „Ел Класико“

Ако ја прифатеше понудата од Барса и тој ќе беше дел, Гризман го прогнозира „Ел Класико“

Изминатото лето Антоан Гризман беше блиску до трансфер во Барселона, но на крајот ја одби понудата од Каталонците и остана во Мадрид.

Утре се игра најголемото дерби во шпанскиот фудбал во Реал Мадрид ќе и гостува на Барселона. За овој натпревар Барселона не ќе може да смета на својот најдобар фудбалер Лионел Меси.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Гризман истакна дека е штета што нема да го гледаме Меси во утрешниот натпревар, а тој самиот очекува изедначен натпревар.

„Доаѓа и тој момент, очекувам е ден одличен натпревар. Навистина е штета што Барселона не ќе може да смета на Меси, сепак според мене тие имаат играчи кои можат да одиграат на ниво и да обезбедат победа. Сепак, Реал има потреба од победа за излегување од кризата. Победата е важна и за двете страни, како што кажав очекувам одличен, но и изедначен натпревар“, изјави Французинот за „ЕСПН“.

Гризман обврски за Атлетико ќе има денес кога вечерва со почеток од 20:45 часот „јорганџиите“ ќе се сретнат со Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…