Дома Фудбал Англија Ако мислевте дека сте малер сетете се на Компани

Ако мислевте дека сте малер сетете се на Компани

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити Винсент Компани нема да игра за легендите на „граѓаните“ во натпреварот во кој требаше да се прости од шампионот на Англија.

Белгискиот фудбалер минатото лето го напушти Сити и премина во Андерлехт каде што до неодамна ја имаше и улогата на тренер, но сега е само играч.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во редовите на Сити Компани помина 11 години и во тој период освои четири титули во Премиер лигата, два трофеја во ФА Купот и четири во Лига купот.

Сити во среда на „Етихад“ ќе организира натпревар на своите легенди но ѕвездата на вечерта ќе го пропушти тој натпревар.

„За жал нема да играм. Типично за мене. Имам повреда на задната ложа“, изјави Компани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

АС: Перез го повика Анчелоти на итен состанок

Фудбалерите на Реал Мадрид беа поразени во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на…