Дома Топ вести Ако Милан избори пласман во ЛШ, голема ѕвезда доаѓа на Сан Сиро

Ако Милан избори пласман во ЛШ, голема ѕвезда доаѓа на Сан Сиро

Новото раководство на Милан во летниот преоден рок значително го засили тимот, а целта е секако пласман во Топ 4 и влез во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми тврдат дека доколку Милан успее да избори пласман во Лигата на шампиони значително ќе го засили тимот следното лето, а првото засилување е веќе познато.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, играчот кого „росонерите“ го бараа и ова лето, му дал збор на раководството дека следното лето ќе се пресели на „Сан Сиро“.

Станува збор за холандскиот репрезентативец Мемфис Депај, кој моментално со голем успех настапува за Лион.

Минатата сезона Депај постигна 20 гола и запиша 13 асистенции, па Лион не сакаше да го пушти, но наредното лето сигурно ќе ја промени средината.

Медиумите во Италија тврдат дека Милан е прв избор за Холанѓанецот и дека веќе постигнал начелен договор со италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…