Дома Трансфер зона Ако Куртоа замине, Челзи го враќа Петар Чех?!

Ако Куртоа замине, Челзи го враќа Петар Чех?!

Како што пренесуваат англиските медиуми наводно во Челзи размислуваат за враќање на Петар Чех доколку Тибо Куртоа го напушти клубот.

Тибо Куртоа има уште една година од договорот со „сините“ и на големо се пишува за негов трансфер во Реал Мадрид, се споменува сума од 35 милиони евра.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поради ваквата ситуација Челзи би можел да се одлучи да го врати 36 годишниот Петар Чех. Чех во 2004 година од Рен премина во Челзи. Чешкиот голман дресот на овој клуб го носеше 11 години, се до 2015 година кога одлучи да се пресели во Арсенал.

Покрај Чех, се наведува дека Челзи покажал интерес и за Каспер Шмајхел од Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…