Дома Фудбал „Ако Азар оди на трета операција можно е никогаш повеќе да не заигра фудбал“

„Ако Азар оди на трета операција можно е никогаш повеќе да не заигра фудбал“

Еден Азар има огромни проблеми со повредите од кога дојде во Реал Мадрид, а сега можно е да го пропушти остатокот од сезоната.

Азар се повреди откако одигра само 15-тина минути против Елче, неговата агонија со повреди во Мадрид изгледа како да нема крај.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


По трет пат Белгиецот го повреди истиот зглоб, а докторот Хозе Гонзалес јасно порача дека Азар не смее да оди на операција затоа што тоа би значело крај на неговата кариера.

„Трета операција на зглобот на Азар би можела да биде многу ризична, постои можност после неа да не заигра веќе фудбал. Без операција ќе може да тренира за неколку месеци, но не и да игра. Сигурен сум дека Азар сезонава повеќе нема да настапи за Реал“.

„Додека не биде 100% спремен не треба да се враќа на терен. Кога играчот се враќа после долго отсуство во кое не тренирал, нормално е повторно да се повреди. Мора многу да внимава“, изјави Гонзалес.

Азар за Реал Мадрид одигра 36 натпревари и постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико и Интер спремаат трампа

Атлетико Мадрид покажува силен интерес за играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези…