Дома Фудбал „Азар ќе биде најдобар играч на Европското првенство“

„Азар ќе биде најдобар играч на Европското првенство“

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез порачува дека Фудбалската федерација на Белгија не во никаква војна со Реал Мадрид.

Еден Азар мака мачи со повредите во Реал. Белгиецот ќе ги пропушти и претстојните квалификации за Белгија, но селекторот Роберто Мартинез верува дека Азар ќе биде спремен за Европското првенство кое се игра ова лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од кога дојде во Реал од Челзи во 2019 година за 100 милиони евра, Азар одигра само 36 натпревари и на 29 од нив беше стартер. Постигна само четири гола и забележа пет асистенции.

„Белгија не е војна со Реал Мадрид. Сите сакаме Азар да биде здрав. Мислам дека оваа ситуација може да се реши многу порано од Европското првенство. Има уште време до тогаш. Верувам дека Азар ќе биде најдобар играч на ЕУРО 2020“, отптимистично порача Мартинез.

Во претстојните репрезентативец циклус Белгија ќе игра со Велс, Чешка и Белорусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…